Амбасадорот Боцевски е горд на нашата најуспешна снаа од Бразил

4722

Мелиса Гава (Melissa Gava) е извршен директор на фирмата Медијација Онлајн (Mediação Online). Овој стартап (се надеваме дека ќе биде измислен убав македонски збор наместо овој англицизам) вчера ја доби наградата на Националниот совет за правда на Бразил, најголемата бразилска награда во правниот сектор, за спроведување на активности за модернизација на правниот систем, кои придонесуваат кон приближување на спротивставените странки, со цел да се дојде до нивно помирување, и следствено, преку тоа да се постигне подобрување на правдата во земјата, се наведува во соопштението на македонската амбасада во Бразил, потпишано од вонредниот и ополномоштен амбасадор Ивица Боцевски.

„Таа е омажена за Македонецот Александар Стојаноски (Aleksandar Stojanoski) , кој што, исто така, е активен на светската стартап сцена, во моментов со стартапот Лобстр Бразил(Lobstr Brasil). Овој прекрасен македонски – бразилски пар е еден од вистинските бисери на македонската заедница во Сао Паоло.
Честитки Мелиса Melissa Gava! Со нетрпение ги очекуваме твоите идни успеси …

(се вели дека најупешните поединци не бараат работа – наместо тоа тие си ја измислуваат својата работа)“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...