Поради обилни врнежи од снег и засилен ветер вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци.
Како што соопшти АМСМ, забраната стартуваше од 17.20 часот.
Претходно, попладнево во 16.30 часот, од истите причини беше воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар во двата правци.