Петгодишно девојче почина од грип на Детската клиника

1014

Петгодишно девојче од Скопје е прва жртва од грипот во земјата. Од Клиниката за детски болести и фебрилни состојби денеска информираа дека девојчето починало синоќа во 23.30 часот, по 13 часа престој во оваа установа, каде биле преземени сите мерки за лекување на детето.

– Во текот на вчерашниот ден на Клиниката е примено девојче на возраст од 5 години од Скопје, кое претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A. – информираат од Клиниката и додаваат:

– Дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката. Детето претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма – соопштија од оваа установа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...