Линдзи Вон ќе се збогува со скијањето по спустот на СП

111
EPA/ANDREA SOLERO

Американката Линдзи Вон одлучи трката во спуст на Светското првенство во Оре закажана за в недела да биде последна во нејзината професионална кариера.

Вон вчера имаше тежок пад во супервелеслаломот, но мина без сериозни последници и одлучи да настапи во нејзината омилена дисциплина – спустот.

– Се надевам дека ќе се опростам на вистински начин. Имам план со што да се занимавам по завршувањето на кариерата. Посакувам да станам успешна деловна жена како што бев и скијачка – изјави Вон.

Таа во кариерата стигна до 82 победи во Светскиот куп и четири големи кристални глобуси. Има и 16 мали кристални глобуси, злато од Олимписки игри и свестки првенства.

– Посакувам да им останам пример на помладите за тоа дека со посветена работа може да се остварат амбициите – додаде Вон.

Спустот в недела почнува во 12:30 часот.

ФОТО: EPA/ANDREA SOLERO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...