Факт е дека МВР потфрлило на 27 април, факт е дека тогашната партија на власт го координирала настанот преку УБК и дека при такви влијанија обвинетите не можеле да презема акција, истакна денеска адвокатот на обвинетиот Душко Лазаров, Звонко Давидовиќ во завршните зборови за настаните од насилството Собранието на РМ.
– Неспорно е дека влегла толпа во Собранието, дека вратите ги отвориле сега амнестираните пратеници, неспорно е дека влегле лица со фантомки кои биле координирани од УБК, дека се случило насилство и влез на полицијата која ги евакуирале пратениците. Но, побитно е што нема обвинет ниту еден од СВР Скопје – рече Давидовиќ.
Тој смета дека обвинителството не докажа дека Лазаров не превземал нешто за што немал наредба.
Според Давидовиќ, спорно е нереагирањето на сребрениот и бронзениот командир кои не презеле никакви активности, а имале голем број полицајци на располагање.