Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, веднаш по потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел се огласи на Твитер со порака дека денес е историски ден и дека го очекува денот кога пред седиштето на НАТО ќе се веат 30 знамиња.
– Денеска е историски ден. Сите НАТО сојузници го потпишаа Пристапниот протокол со Македонија кој што ќе донесе повеќе безбедност и просперитет за целиот регион. Гo очекувам денот кога 30 знамиња ќе се веат пред седиштето на НАТО. Честитики!, напиша Столтенберг.
Today is a historic day. All #NATO Allies have signed the Accession Protocol with 🇲🇰, which will bring more security & prosperity to the whole region. I look forward to the day when 30 flags will fly outside NATO HQ. pic.twitter.com/trPtvsn3MD
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) February 6, 2019