Експремиерот Никола Груевски, кој е правосилно осуден на затворска казна и избега во Будимпешта, денеска кога Македонија го потпиша пристапниот протокол за членство во НАТО, се јави на Фејсбук се јави со нов статус.
Во него, како што самиот напиша, дава размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името.
Пишува како треба да се постапи сега, наведува оти треба да се искористи моментот и да влеземе во ЕУ и НАТО, а потоа да во таква новонастаната ситуација да го вратиме загубеното. Зборувајќи за одбрана на идентитетот, тој на три места ги споменува Македонците, но наместо со голема прва буква, како што е правилно, тој ги пишува со мала.
За тоа што напиша Груевски, повеќе можете да прочитате ТУКА.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI