Во Белград средба Мицкоски – Вучиќ

507

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со pретседателот на Република Србија и pретседател на СНС Александар Вучиќ, соопшти партијата.

– На средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности – истакна Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...