На патот село Лека – село Крушопек, скопско, вчера во 17,15 часот патничко возило, управувано од непознат возач, удрило во пешак – деветгодишно девојче од село Крушопек и го напуштило местото.
Девојчето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.