Во СВР Битола вчера било пријавено дека околу 9,30 чаот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, К.Џ(33), вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.