Димитров: Една земја е силна колку што има пријатели, денеска мојата земја е силна

900

Само што слетав од Вашингтон многу сум уморен но и емотивен. Ова беше долг пат, рече видно возбуден министерот за надворешни работи Никола Димитров  на церемонијата за потпишување на пристапниот протоколот за членство на Македонија во НАТО, во Брисел.

Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламенарен состав за големите стратешки цели кои ги поставивме пред нас. Но ова не е случајно. Ова се случи поради водството на премиерите Зоран Заеви Алексис  Ципрас кои го поплочија патот на овој историски чин на помирување. Му се заблагодарувам и на охрабрувањето на Бојко Борисов да се движиме во овој правец. Во филмот „Лоренс од Арабија“ има реплика дека ништо не е напишано додека не се напише.  НАТО за нас е семејство на држави кои гарантираат стабилност, семејство кое тежнее да го направи светот побезбедно место на живеење. Патувањето не е завршено, но повеќе нема сами да патуваме. Ќе се ангажираме за спроведување на реформите. Една земја е силна колку што е силна нејзината војска, колку што има демократија и колку што има пријатели. Денеска мојата земја е силна. Спремни сме, можеме и сакаме да ги преземеме сите обврски за членство во НАТО – рече меѓудругото Димитров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...