Дваесет и деветте земји членки на Северно-атлантската Алијанса денеска во седиштето на организацијата ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО. Настанот е предвидено да започне околу 11 часот. Во 11.30 часот, според агендата ќе има „фемили фото“, а веднаш потоа и изјави.
На официјалната церемонија ќе присуствува министерот за надворешни работи Никола Димитров и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Чинот на потпишувањето ќе се одвива на ниво на постојани дипломатски претставници на земјите членки.
Од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство.
Видеото во продолжение е преносот кој го овозложува Владата, а директен преност има и на официјалната веб-страница на НАТО алијансата, каде е овозможен и превод на македонски јазик. За линк до официјалната страница на Алијансата каде ќе се пренесува церемонијата кликнете ТУКА.