Меѓу банани откриени 615 килограми кокаин во Турција

291

Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти обвинителството.

Во заедничката операција со безбедносните сили од јужната провинција Хатај, тимовите за борба против  дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кој, според декларацијата, се наоѓале само банани од Еквадор.

– Меѓутоа, откриени се и 530 пакети кокаин – се наведува во соопштението.

Во операцијата се уапсени и четири осомничени лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...