Владата онесе одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција со седиште во Атина.
Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена на денешната 118-та седница на Владата на која е донесена и одлука за отворање на Генерален конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун.
Одлуките, како што наведуваат во соопштението, ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија.