Професорката Гордана Силјановска, преку нејзиниот профил на Јутјуб официјално ја потврди кандидатурата за претседател која ја достави до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– По долго размислување решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колешки и колеги за надпартиски кандидат на следните претседателски избори. За таа цел ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Република Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глас на вистинските европски вредности – вели Силјановска во видео обраќањето.