Норвешкиот фонд одби Илон Маск да добие надомест од 2,6 милијарди долари

Норвешкиот фонд подолго време се залага за намалување на платите кои ги добиваат врвните менаџери во компаниите каде што инвестира, и се претпоставува дека тоа е причината што гласале против пакетот на Маск.

523
EPA/BEN MACMAHON

Резервниот фонд на норвешката држава, кој управува со трилион долари богатство од продажбата на норвешката нафта, го одби предлогот основачот на компанијата Тесла Илон Маск да добие надомест од 2,6 милијарди долари.

Норвешкиот фонд поседува 0,48 проценти од акциите на Тесла, вредни 252,5 милиони долари. Мнозинството сопственици на акции во Тесла го одобрија барањето на Маск да добие пакет од акции и финансиски надомест вкупно вредни 2,6 милијарди долари.

Норвешкиот фонд подолго време се залага за намалување на платите кои ги добиваат врвните менаџери во компаниите каде што инвестира, и се претпоставува дека тоа е причината што гласале против пакетот на Маск. Компанијата не даде официјално објаснување за потегот.

Фото: EPA/BEN MACMAHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...