На граничниот премин Божај, на влез во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа одзедоа околу 17 килограми хероин и уапсија албански државјанин.
Како што соопштија полициската и царинската управа, Е.А.(35) е уапсен поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство, држење и ставање во промет опојни дроги.
– Во внатрешната кабина во инструменталната табла на товарно возило марка „даф“ со приклучно возило марка „шварцмилер“ пронајдени се 18 пакувања со прашкаста материја во светлокафеава боја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин, додека во друг бункер се најдени 12 пакувања со иста содржина – се наведува во соопштението.
Одземени се вкупно 30 пакувања со прашкаста материја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин со тежина околу 17 килограми.
Вредноста на одземениот хероин во улична продажба се проценува на околу половина милион евра.
ФОТО: МИА