Вардар пред мечот со Рајн Некар: Ќе се обидеме да се вратиме со добар резултат

61
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Екипата на Вардар денеска патува за Германија каде утревечер треба да го одигра  натпреварот со Рајн Некар во рамки на 11-тото коло од групата „А“.

Иако ќе патуваат во некомплетен состав, тренерот на тимот, Роберто Парондо, изјави дека „црвено-црните“ ќе играат максимално мотивирано со германскиот тим. За Германија не отпатуваа Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбок.

– Секогаш натпреварите се неизвесни. Традицијата не ја гледаме. Никогаш немавме победа против Веспрем се досега. Затоа поважно е да се фокусираме на играта наша. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме со максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен, вели Парондо.

На првиот меч во Скопје одигран на 6 октомври лани, Вардарци победија со 29-27. Во досегашните меѓусебни средби, шестпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми и двапати победиле Германците. На теренот во Германија тимот има две победи и едно реми.

– Ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни п атреба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат, додаде Шпанецот.

Мечот помеѓу германскиот тим и Вардар се игра утре од 19 часот во Мајнхајм.

Македонскиот тим е второпласиран на табелата во групата „А“ со 13 бода, еден помалку од Рајн Некар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...