Спасено бебе во Индија чии родители го закопале живо оти верувале дека е опседнато со зли духови (ВИДЕО)

218
ФОТО: Профимедиа

Бебе старо неполни три недели било спасено откако живо го погребале во плиток гроб во близина на рибник во Индија, пренесува „Курир.рс“.

Луѓе слушнале крикови од дете ноќта кога температурата паднала на три степени. Тие брзо го откопале бебето и го однеле во болница. Во ладната земја тоа поминало околу три часа.

– Не можам да поверувам дека некој може да го остави така своето дете на олку студено време – рекол Дармендра Кумар, кој прв ги слушнал криците и почнал да копа.

Полициската истрага открила дека 30-годишниот татко и 28-годишната мајка заедно со двајца роднини го погребале новороденчето, откако му било кажано оти тоа е опседнато со зли духови. Полицијата соопштила дека сите се уапсени, вклучувајќи го и човекот кој тврдел дека бебето е опседнато, освен мајката која е во бегство.

Тоа било трето дете на парот.

– На овој чекор се одлучиле откако му било кажано дека девојчето е опседнато и дека неговото присуство во куќата може на сите да им го уништи животот – додала полицијата.

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...