Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон може по крајот на сезоната да ја заврши кариерата и да добие работа во Фудбалскиот сојуз на Италија, објави „Газета дело Спорт“.
Буфон неодамна изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната доколку неговиот тим ја освои Лигата на шампионите.
Искусен голман, по неуспехот на репрезентацијата во баражот за Светското првенство соопти дека се повлекува од националниот тим, а договорот со Јувентус му истакува на крајот на јуни.
– Се уште не е познато кој ќе функција би му била доверена на Буфон.
Тој со Италија го освои Мундијалот во 2006 година, а за „Азурите“ бранеше 175 пати.
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO