Секоја вечер спијам со различни делови од авионот. Многу сме интимни. Јaс тoa го викам врска на далечина бидејќи со авионот можам да бидам само кога летам со него – раскажала Михаела.
Германката Михаела Кобке (29) се вљубила во авион Боинг 737-800 и сака да се омажи за него. Таа за својот сакан авион има и прекар, па од милост го вика „богатство“.
– Последен пат во љубовна врска, бев во 2011 година. Но тоа и не беше некоја љубов. Богатство е мојата единствена љубов. Тоа е најубавата врска која некогаш сум ја имала. Кога и да го видам, многу ме возбудува. На авионот најпрво ме привлекоа неговите крила. Секој авион е поинаков – рекла Михаела.
Кога оваа бизарна љубовна приказна дошла до медиумите, Михаела почнала да добива грди коментари на социјалните мрежи.
– Секоја вечер спијам со различни делови од авионот. Многу сме интимни. Јaс тoa го викам врска на далечина бидејќи со авионот можам да бидам само кога летам со него – раскажала Михаела.
– Добивам грди коментари. Многумина ми велат дека треба да одам на терапија и дека сум болна. Но јас го сакам својот живот и сум среќна – додала Михаела.
Оваа германка во медиумите е позната и од порано. За прв пат таа се појавила пред шест години поради тоа што непрестано носела корсет во текот на три години, дури и кога спие. Нејзиниот струк за тоа време се смалил од 64 санитметри до 40 сантиметри.