Ѓорчев до Заев: Веднаш запрете го отпишувањето на сто милионските долгови

1148

Отпишувањето на долговите за струја на граѓаните направени до 2005 година што го најави Владата предизвика низа реакции од граѓаните. Денеска реакција за  ова имаше и Владимир Ѓорчев кој е кандидат на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата. Тој го повика премиерот Зоран Заев да ја запре постапката за отпис на долговите поради две причини – поради дискриминација на граѓаните и поради изборите.

То пренесуваме постот во целост:

„Господине Заев, веднаш запрете го отпишувањето 100 милионски долгови од неплатени сметки за струја.

Прво, ова е чиста дискриминација на штета на граѓаните кои редовно си ги подмируваат сметките за струја, а некои од нив дури и плаќале казни за повторен приклучок доколку не платат 2 – 3 сметки.

Сега токму редовните плаќачи на сопствените сметки ќе треба, како даночни обврзници преку буџетот, да ги платат и сметките на оние кои со години не плаќале.

Второ, ова е предизборна злоупотреба и корупција со која СДСМ и Заев преку буџетски средства сака да поткупи дел од граѓаните кои имаат неплатени сметки и со тоа да стекне политичка предност на претседателските избори.

И по двата основи оваа најава на Заев е за осуда и од истата треба да се откаже. Оваа година ќе има избори за пратеници во Европскиот парламент, но ниту Меркел, ниту Курц, ниту Макрон не нудат буџетски поткуп на нивните граѓани за да ги придобијат нивните гласови!“, напиша Ѓорчев на својот Фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...