Загинаа петмина во експлозија во продавница за пиротехника во Кина

67

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во продавница за пиротехнички средства во јужна Кина, на почетокот од прославата на Лунарната нова година.

Како што јави кинеската новинска агенција Синхуа, експлозијата се случила рано утрово, на првиот ден од кинеската Лунарна нова година која е во знакот на свињата, во областа Жонган, западно од Хонг Конг.

Вакви несреќи често се случуваат во Кина, каде традиционално Новата година се слави со огномет и безброј петарди. Сепак бројот на несреќни случаи во последните години нагло падна откако властите забранија огномет во градовите и ги заострија контролите врз произведувачите и продавачите на пиротехника.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...