Кинеска Нова година, што носи среќа во годината на Свињата?

286
ФОТО: EPA / DIEGO AZUBEL

Кинеската Нова година речиси е тука, а со неа доаѓа мноштво верувања врз основа која може да се одреди како следните 12 месеци ќе изгледаат за секој од нас.

Чистење на облека, користење на ножици како и чистење на подови се некои од полесните работи кои треба денеска да се избегнуваат, но на родителите ќе им биде потешко на дочекот да го избегнат плачот на своите мали деца или жените во текот на целиот ден да не излегуваат од дома, објави вчера британскиот „Телеграф“.

Според кинеското верување, ако се прави нешто од наведеното на 5 февруари – денот кога се дочекува кинеска Нова година 2019. – ќе доведе до лоша среќа за цела следна година. Меѓутоа, не е се така црно: Нова 2019. е година на Свињата, а ова животно по истото верување симболизира богатство, наведува британскиот весник.

За разлика од прославата на Нова година на Западот, кинеска Нова година се слави 15 дена, со бројни подготовки и обичаи.

Декорациите се важен дел за доаѓањето на кинеска Нова година, а црвената боја е главна боја за празникот.

Слично на давањето на подароци во текот на божиќните празници, Кинезите едни на други подаруваат црвени коверти со пари, што е важен дел од традицијата.

За време на дочекот на кинеска Нова година акцентот е на семејното собирање и луѓето, без оглед каде и да се наоѓаат, се враќаат дома со цел да ги поминат празниците со членовите на своите семејства, пишава неделникот „Њуз“.

Новата облека, која се носи на Нова година и богатата новогодишна трпеза на новогодишната вечер, исто така треба да придонесат следната година да биде среќна и успешна. Исто така испраќање на новогодишни честитки е дел од традицијата за кинеска Нова година, објави вчера „Економик тајмс“.

Кинеска Нова година уште се нарекува и „Пролетен фестивал“ и „Лунарна нова година“ бидејќи доаѓа на пролет и е датирана врз основа на кинескиот лунарен календар.

Секоја кинеска Нова година е означена како „година“ на една од 12 животни од кинескиот хороскот, а тоа животно треба да ја обележи годината која настапува и сите тие што се родени во неа.

Кинеската Нова година е најважен годишен фестивал за сите луѓе со кинеско потекло ширум светот.

Се прославува повеќе од 1.000 години, можеби и малку подолго, а традициите кои се вклучени се длабоко вкоренети во кинеската култура, за многумина исто така е и верски празник, исполнет со молитви, дарување и други чинови на религиската посветеност, наведува „Економик Тајмс“.

ФОТО: EPA / DIEGO AZUBEL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...