Фејсбук забрани фотографии од статуи поради голотија

141
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Музејот на историја и уметност во Женева соопшти дека Фејсбук забранил фотографии на делумно разголени статуи на Венера и акт на маж на колена кои тие имале намера да ги објават на својата страница.

Музејот впрочем и на својата Твитер страница објави дека изложбата „Цезар и Рона” ќе биде отворена в петок и ќе трае три месеци приложувајќи ги споменатите фотографии. Но, тука се нагласува и дека „Фејсбук во тоа ги спречил, поради голотијата на сликите”.

3а секој случај, и сликите на Твитер се цензурирани со натпис-ленти.

ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...