„Прст пред око“ не се гледа на патот Маврово – брана

321

На патниот правец од крак Маврово до брана видливоста поради магла е намалена до десет метри, соопштија АМСМ и ЈП „Македонија пат“.

Поради магла видливоста е намалена и на Стража и Маврово на 30 до 50 метри, како и на Попова Шапка до 20 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози и можни се поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ клисури и усеци поради што е неопходно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...