Физички нападнати сегашниот и бившиот директор на кичевската гимназија

587

Татко и син денеска околу 11 часот на булеварот Ослободување во Кичево, започнале вербална расправија, а потоа со метални предмети физички ги нападнале Ф.А. (33) и Н.Б. (42) од Кичево.

– Тие се пренесени во Општата болница каде им биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, напаѓачите се пронајдени и приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Нападнатите се сегашниот и бившиот директор на кичевската гимназија „Дрита”, од поранешен вработен во оваа установа.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...