Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека Македонија веќе нема пречки на патот кон европско интегрирање. Според него, почетокот на преговорите зависи само од земјата.
Тој на состанокот на Работниот комитет за европски интеграции посочи и дека во наредниот период ќе бит фокусирани на мерките кои се преземени за реализација на препораките од извештајот на Европската комисија за 2017 година со посебен акцент на итните реформски приоритети. Според него, комитетот ја претставува сржта на раководната структура која треба да ги испорача предвидените реформи во следните два месеци.
На состанокот, како што се неведува, беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја. Беа разгледани и статусот на реализацијата на НПАА 2019-2020, статусот на спроведувањео на ИПА, како и статусот на реализација на обврските од оценските мисии.
Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.