Вклучена греалка е причина за пожарот кој избувна попладнево во стан на шестиот кат во новите згради кај Рептил маркетот во Стар Аеродром.
Нема повредени лица, само е причинета материјална штета, јави известувачот на МИА од терен.
Пожарот е изгаснат, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенираше со три возила и девет пожарникари.