ЕУ не успеа да се договори за заеднички став за Венецуела

151

Шпанскиот министер за надворешни работи соопшти дека заедничка декларација на ЕУ за признавање на шефот на венецуелската држава нема да има, јави дописничката на МИА од Брисел.

На средба со новинарите по состанокот на ЕУ со Арапската Лига во Брисел, шпанскиот министер за надворешни, Јосеп Борел, порача дека ќе има заедничка декларација на „повеќе земји на ЕУ“.

– Заедничка декларација на ЕУ во моментов нема да видиме затоа што неколку земји членки се против – истакна попладнево Борел.

Европската Унија му дадоа рок до полноќ денеска на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признаат опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори.

Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

И покрај најавите дека ќе го признае Гуаидо, ЕУ денеска не успеа да се договори, меѓу другото поради противењето на Италија, но и на други земји.

Во меѓувреме, голем број земји членки индивидуално се изјаснија во поддршка на Гуаидо, како Германија, Данска, Велика Британија, Шпанија, Франција и други.

Европскиот Парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...