Мачу Пикчу пристапен за лица во ортопедски колички

93
ФОТО: МИА

Пристапноста до објектите од јавен интерес, е една од главните битки на лицата со попреченост во цел свет. И додека во нашиот регион таа борба е заглавена на самиот почеток, а нивните претставници сѐ уште бараат пристапни улици, паркинзи и болници, историскиот град во Јужна Америка, Мачу Пикчу сега може да го посетуваат и лица во ортопедски колички.

Перуанскиот инкански средновековен планински град се наоѓа на надморска височина од 2.400 метри и годишно е домаќин на милиони посетители. Сега, ќе се зголеми за уште неколку десетици, благодарение на туристичката агенција „Вил д’ ворлд“ (Тркалај го светот), која организира туристички патувања за лица во колички од цел свет.

Компанијата е основана од двајца Чилеанци кои живеат во САД – Алваро Силберстејн и Камило Наваро, од кои едниот користи ортопедска количка, објави порталот „Инсајдер“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...