Партнерката на српската премиерка е бремена

726
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ, наскоро ќе станат родители.

Како што дознава магазинот „Глорија“, а пренесува српски „Блиц“, Милица Ѓурѓиќ се подложила на вештачко оплодување, која поради бременоста веќе неколку месеци не се појавува со Ана Брнабиќ во јавноста, а во Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, велат дека таа зела трудничко боледување.

– Премиерката и понатаму останува при ставот да не зборува јавно за приватните работи. Во секој случај, ви благодариме на убавите желби – рекле за „Глорија“ во кабинетот на Брнабиќ кога им се јавиле да им честитаат на премиерката и нејзината партнерка.

Исто така, во склад со ставот на својата шефица, не можеле да откријат кој пол ќе биде бебето, објаснува „Глорија“.

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...