Аудио-книги со романтично-еротска содржина сѐ поактуелни кај Швеѓанките

214

Бројот на Швеѓаните кои купуваат аудио-книги, за само две години се зголемил речиси двапати: во 2016 година тој изнесувал 20 отсто од вкупното население, а изминатата 2018 година – 37 отсто. Истражувањата покажуваат дека тој раст најмногу се должи на новиот тренд – Швеѓанките сѐ повеќе сакаат да ја искусат сензуалната аудио-книжевност.

– Меѓу слушателите, расте побарувачката на жанровите романтика, т.н. „лимонади” и еротика. На тоа всушност и се должи зголемениот број слушатели, како и пораст на бројот на издавачи кои објавуваат вакви книги – изјави Ана Риклунд, менаџер во продукцијата за аудио-книги „Букбит”.

Поради тоа, некои компании веќе почнаа да се преориентираат само кон тие жанрови. Една од нив е Форлаг.

– Поинтимно е. Не мора да седите со корицата која што на сите им покажува што читате. Вака, никој не знае што слушате – рече нивната маркетинг менаџерка, додавајќи дека најпопуларни книги се оние напишани на експлицитен начин и кои содржат многу секс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...