Ѓубре царува кај Катланово (ФОТО)

227

Отпад царува на патека од бањата во Катланово накај АБЦ-спортскиот комплекс, покрај реката.

Место кое би можело да биде одмор за душата, несовесни граѓани го претвориле во мрак за очите.

Од пластични шишиња до кеси и што ли уште не, се чини овој дел ја изгубил магијата со која некогаш блескал.

Поединци реагираат оти на овој начин не се чува нашата татковина, дека луѓето треба да се свестат оти ова му штети на општеството. Тие сметаат дека за да се докаже дека се сака и почитува својата земја, треба да се грижиш за неа и да не ги оставиш следните генерации да се гушат во ѓубре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...