Никола Груевски не побегнал во последен момент туку во детали го планирал бегството, тврдат од Обвинителството за телевизија Телма.
Оттаму велат дека тој во вчерашното интервју на Сител не ја говорел вистината и манипулирал со јавноста бидејќи во истрагата собрале докази кои потврдуваат дека тој почнал да го планира бегството два месеци претходно, во септември.
Тоа се поклопува со информацијата на СЈО дека тој токму во септември ги повлекол сите пари од банкарските сметки во Македонија.
Обвинителката Вилма Русковска за Телма изјави дека е очекувано што Груевски не открил детали за бегството и за евентуалната помош.