Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски ниту потврдува ниту негира дека ќе влезе во трката за шеф на државата. Партиски извори брифираат дека тој е во игра, а на прашање на Сител, Трајановски кусо одговорил:
– Да ја оставиме дилемата отворена.
Досега само Влатко Ѓорчев и Филип Петровски јавно ги потврдија своите кандидатури, а неофицијално меѓу овие имиња ќе се најде и професорката Гордана Силјановска како надпартиски кандидат.
ВМРО-ДПМНЕ официјално во вторник ќе објави кои од осумтемина кандидати ќе ја помине првата фаза.