Вработен во Министерството за земјоделство си присвоил осум службени телефони

875

32-годишен велешанец, со иницијали Д.А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се товари дека го оштетил Министерството за над 7.000 евра, присвојувајќи си осум службени телефони.

Против него е поднесена кривична пријава за две кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Д.А. бил вработен како помлад соработник за нормативно правни работи, а се сомничи дека кривичното дело Жго сторил на 15.05.2017 година кога ги присвоил мобилните телефони.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...