Црвенковски се сретна со Ѓукановиќ

1010

Веднаш по формирањето, поранешните претседатели и премиери од земјите на поранешна Југославија, беа примени од актуелниот црногорски претседател, Мило Ѓукановиќ пренесува Ако.мк.

Ѓукановиќ им даде целосна поддршка и рече дека нивното искуство ќе биде драгоцено за земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ.

Пред два дена, во Црна Гора е формиран Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот. Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ. Основачи на клубот се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.

Членови на Подгоричкиот клуб се и поранешните функционери, претседатели на држави, премиери и претседатели на Собрание, Милан Кучан, Хари Костов, Наташа Мичиќ, Алфред Мојсиу, Фатмир Сејдиуи и Игор Лукшиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...