Вработувања на советници во канцеларијата на Заев за плата од 25.000 до 50.000 денари

1499

Владата објави оглас за  вработување во Канцеларијата на премиерот Зоран Заев на шест извршители – посебни советници за плата од 25.000 до 50.000 денари.

Шесте посебни советници ќе бидат ангажирани на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработуваат.

Со огласот се бараат еден посебен советник за транспорт и врски, за кој се бара да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле.  Советникот треба да има работно искуство од најмалку осум години во струката.

Еден посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации. Кандидатот треба да биде од сферата на етнологија и етногенеза со работно искуство од најмалку 10 години во струката.

Еден посебен советник за странски инвестиции од правните науки, активно да познава англиски јазик и да работел најмалку 5 години во струката.

Еден посебен советник за спроведување на Рамковниот догово од економски науки, организациони науки и управување (менаџмент) со  работно искуство од најмалку 16 години во струката.

Се бара и еден посебен советник за транспарентност и отчетност со ниво на стручни квалификации V A според македонската рамка на квалификации или најмалку вишо образование од областа на уметноста или образованието и со работно искуство од најмалку 12 години во струката.

И еден посебен советник за млади и спорт со стекнати најмалку 300 кредити слоред ЕКТС или завршен VII/2 степен, правник  без работно искуство и  активно познавање на англиски јазикниво В2 BULAT сертификати за завршени обуки од областа на спортот, комуникацијата, визија на младите.

Советниците ќе работат од понеделник до петок, а по потреба и за викенд и празници. Платите на советниците ќе бидат  25.000 до 50.000 денари. Огласот трае до 28 март.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...