Поранешниот премиер и азилант во Унгарија Никола Груевски во ексклузивно интервју на телевизија Сител во 16 часот, одби да одговори дали на илегален премин ја поминал границата со Албанија и тврди дека во неговото бегство не му помогнале соработници од власта.
Во првото појавување во јавност по негово бегство во ноември минатата година, Груевски порача дека и остава на власта да открие како побегнал.
– Од Македонија заминав едноставно во Албанија, се пријавив во унгарската амбасада во Тирана каде побарав политички азил и по одредени консултации дојдов во Унгарија. Заради безбедности причини, како поранешен долгогодишен премиер, бев транспортиран до Унгарија – рече Груевски.
Тој не одговори дали со лична карта заминал за Албанија, но рече дека личната карта ја користел понекогаш при неговата рута до Будимешта.
– Оставам власта да открие, нели води темелна истрага – рече Груевски.
Целото интервју со бегалецот Груевски, Сител го најави за централните вести во 19 часот.