Доцна синоќа околу 01.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во ресторан во Битола, 25-годишниот П.Т од Битола со нож бил повреден на левата подлактица од страна на В.К. од Битола.
По преземени мерки В.К. бил приведен во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.