Ѓорчев: Му се одмаздувате на Димовски оти не можевте да го уцените

1962

Вие имате намера да им го загорчите животот на сите кои мислат повеќе од вас. Ова е одмазда кон Љупчо Димовски оти тој не гласаше за уставните измени и промената на името, рече пратеникот Влатко Ѓорчев на комисиската расправа за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски кој е под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување за периодот додека бил министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

– Ние и вие знаеме дека имаше понуда за Димовски да гласа за уставните измени со уцени и закани. Уцената кон Љупчо Димовски беше дека нема да има кривична пријава за него и нема да оди во затвор. Тој реши да ја почитува одлуката на граѓаните и не гласаше за уставните измени, а со тоа да ги сноси одговорностите. Вчера му беше скршена вратата од куќата. Со секој изминат ден сѐ повеќе и повеќе забегувате. Ова е ваша желба и мотив за што побрзо да го ставите во притвор, затоа што ви се спротиставил. Нудевте 1 до 2 милиони евра, нудевте слобода, за да ги вадите таблите каде пишува Република Македонија – изјави Ѓорчев.

По говорот на Ѓорчев, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, му посака успешна претседателска кандидатура, објави Макфакс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...