Интензивните врнежи од снег засега не предизвикуваат проблеми во одвивањето на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Шефот на грчката дипломатија денеска треба да слета на меѓународниот аеродром Скопје во прва посета на земјата, по преименувањето на аеродромот, што беше една од отстапките, кои македонската Влада ги направи во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Според информациите од веб страницата на скопскиот аеродром, од изутрината се реализираат предвидените полетувања и слетувања.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се предвидени летови.