Катар го освои Купот на Азија

59

Катар го оствари најголемо достигнување во фудбалската историја и го освои Купот на Азија. Во финалната средба во Абу Даби, фудбалерите на Феликс Санчез го потчинија тимот од Јапонија, победувајќи го четирикратниот шампион на континентот со 3:1, за да стигнат до титулата.

Домаќините на СП 2022 го изминаа патот до финалниот дуел без да дозволат ниту еден гол, а на крајот го завршуваат турнирот со 7 победи во 7 натпревари и гол разлика 19:1.

Во херој во мечот за трофејот се претвори Акрам Афиф, кој е во сопственост на шпански Виљареал, но игра како позајмен во матичниот клуб Ал Сад. 22-годишното крило асистираше за првите два гола на катарците и стави точка на спорот, реализирајќи го третиот погодок од пенал.

Досегашното врвнопостигнување на Катар во Азискиот куп беше петтото место во четвртина век – во 1984 година во Малезија.

Алмоез Али пак го собори рекордот на саудиската легенда Али Даеи за најмногу постигнати голови во рамките на еден турнир, откако против Јапонците го нанижа деветтиот погодок, завршувајќи како најдобар голгетер на турнирот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...