Пратеникот од Независни Грци ќе гласа за Протоколот за НАТО, па ќе поднесе оставка

Неофицијално, како што вчера објави МИА, протоколот за членство во НАТО, се очекува следната седмица да биде доставен во грчкиот Парламент, прво да се разгледа пред надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања, потоа да следи дискусија на пленарна седница што ќе заврши со гласање од пратениците.

373

Пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, кој денеска требаше да даде оставка на функцијата, бидејќи така вети пред гласањето Доверба на владата, сепак, оваа своја одлука ќе ја пролонгира за неколку дена.

-Одложија ја оставката, те молам, во текот на следната седмица ќе се гласа за протоколот за НАТО, што е неопходно за да стапи на сила Договорот од Преспа, побарал претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис од пратеникот Папахристопулос, кој за оваа своја одлука денеска самиот ги информира новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот од Независни Грци, отворено и јавно го поддржа Договорот од Преспа уште пред ратификацијата и гласаше „за“ во парламентот, најавуваше дека по гласањето ќе си даде оставка и ќе го отстапи пратеничкото место. Требаше тоа да го стори денес, но по средбата со Никос Вуцис, на која требало да му ја достави оставката, решил да ја пролонгира  за четири до пет дена

-Бидејќи треба да се изгласа протоколот од НАТО претседателот ме замоли и јас прифатив оставката да ја одложам за четири-пет дена. Знам дека ветив дека ќе го сторам тоа денес – рече Папахристопулос, кој објасни дека писмото со оставката е во неговата чанта, денеска отишол да ја достави, но Вуцис го премислил.

Неофицијално, како што вчера објави МИА, протоколот за членство во НАТО, се очекува следната седмица да биде доставен во грчкиот Парламент, прво да се разгледа пред надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања, потоа да следи дискусија на пленарна седница што ќе заврши со гласање од пратениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...