Германската канцеларка Ангела Меркел го деактивира својот Фејсбук профил, пренесува „Курир.рс“.
– Познато ви е дека повеќе не ја водам Христијанско – демократската унија и затоа го деактивирам мојот профил на Фејсбук – појасни Меркел.
Таа нагласи оти луѓето ќе може да ја следат и да коментираат за нејзината работа на социјалната мрежа на страницата на федералната влада.
– Или може да ме следете на Инстаграм – додаде Меркел.
ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA