Македонскиот електропреносник (МЕПСО) за две години планира да потроши над 5.166.000 денари или 84.000 евра за авиобилети. Набавката за која распиша тендер се однесува на резервација и набавка на услуги за воздушен транспорт на луѓе за временски период од 2 години.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.166.000 денари.
Критериум за доделување на договорот е најниска цена.
Неодамна МЕПСО склучи договор вреден 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која набавува кујни, канцелариски мебел и гарнитури. Во договорот за јавна набавка, меѓу другото се и 39 клуб фотелји, за кои е потенцирано дека мора да бидат тапацирани со природна телешка кожа. За нив компанијата ќе плати речиси 14 илјади евра.