Силна и недвосмислена поддршка за Македонија и за регионот во целина за добивање на датум за отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија, е еден од заклучоците на политичка група за поддршка на земјите од Западен Балкан, информира Граѓанско Демократска Унија од посетата на Брисел.
– Препознаен е придонесот на Република Македонија во рамките на регионалната безбедност. Политичката и национална разновидност на членовите на ЕУ парламентот кои партиципираа со свои дискусии во овие неколку дена, навистина делуваше охрабрувачки и отвара можност за поблиска соработка со европскиот парламент, не само на политичките партии од Македонија, туку и со граѓанскиот сектор и слични интересни групи. Како партија, се обидовме да дадеме придонес во некoлку дневните дискусии, да ја претставиме нашата земја во што е можно подобро светло, притоа држејќи се до начелото дека како добри, ние во Македонија имаме и нешта со кои и не се гордееме – велат од ГДУ.
ГДУ со благоданост до Арне Герик од Германија, оти како што велат, како да зборувал и во наше име кога му упати честитки на Ангел Џамбаски за неговите напори да ги врати Македонија и регионот на дневен ред на ЕУ парламентот.
– На Руперт Метјус за нескриениот интерес и особено за неговите предлози.
На нашата пријателка Ружа Томашевиќ за нејзината видлива емотивност кога зборува за Македонија. На учесниците на панелот “Македонија не е само име” пред се на Андреј Ковачев и неговиот осврт од аспект на економската и регенионалната безбедност. Како и на дискутантите од Романија, од Албанија,од Данска…кои покажаа дека соработката, дијалогот, разбирањето, не се недостижни, туку се добредојдени.
Ја користиме оваа прилика и искрено посакуваме дијалогот на македонската влада со Европската Комисија во поглед на реформите од планот 3:6:9 да помине во слична атмосфера – велат од ГДУ.