Максим Димитриевски договара соработка со сараевска општина

95

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска е во посета на Сараево (БИХ), каде оствари средба со заменик градоначалникот Милан Тривиќ, соопшти Општината.

– На состанокот беше разговарано за предстојното триесето собрание на Здружението на градовите носители на порака на мирот каде членуваат и двата града, а истото оваа година треба да се одржи токму во Сараево. На средбата се дискутирше за отпочнување на можна соработка со една од општините во Сараево со цел зголемување на заедничка соработка во повеќе области.

Општина Куманово на оваа асоцијација беше домаќин во 2015 година, а последно генерално собрание се одржа во Волгоград (Русија), каде се разговараше на тема мир и партнерски односи на градовите носители на порака на мирот, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...