Зоолошката градина во Скопје ќе добие мини градина за најмладите, по теркот на европските и светските зоолошки.
Бејби ЗОО ќе биде заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.
– Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.